вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Фудбал

ВИДЕО: Комичен автогол на Австријците, Македонија со подарок до водство!

ВИДЕО: Комичен автогол на Австријците, Македонија со подарок до водство!

По лошиот почеток и двете големи шанси за австриската репрезентација, Македонија поведе во четвртиот натпревар од квалификациите. Ниту се доближивме до голот на Линднер, па не се навестуваше наше водство.

Но, во 18. минута помош стигна од дефанзивецотг Мартин Хинтерегер, кој не се разбра со голманот Хајнц Линднер и со глава го совлада на радост на фановите на македонската репрезентација (1-0).

Овој автогол наликува на оној на Топал од Фенербахче на историскиот натпревар против Вардар во плеј-офот од Лигата на шампионите.

Извор: gol.mk