вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Комичарот Џејмс Корден му „продаде“ луда шега на Дејвид Бекам со смешна статуа

ВИДЕО: Комичарот Џејмс Корден му „продаде“ луда шега на Дејвид Бекам со смешна статуа
David Beckham gets pranked on The Late Late Show with James Corden, airing Monday March 11, 2019. Photo: Terence Patrick/CBS ©2019 CBS Broadcasting, Inc. All Rights Reserved

Најголемите фудбалски ѕвезди постојано добиваат статуи ширум светот во знак на благодарност и признание за остварените резултати и стекнатата популарност во светски рамки.

Една од напознатите и воедно најкомичните беше онаа на Кристијано Роналдо на својот роден остров Мадеира. Истата беше направена со далеку поразличен лик на Португалецот во споредба со оној реалниот. Фановите ширум светот веднаш започнаа да прават сеир на негова сметка, а и неговата реакција за време на презентацијата беше потврда дека креаторот направил голем пропуст.

Во слична ситуација неодамна се најде Дејвид Бекам кој беше жртва на смислената шега на познатиот водител Џејмс Корден. Тој е познат по емисијата „The Late Late Show“ и истата ја искористи за да си поигра со нервите на живата англиска фудбалска легенда.

Целата ситуација започна со актери кои играа улога на големи фанови на поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Лос Анџелес Галакси. Потоа пред неговите очи беше откриена смешната статуа која воопшто не го отсликуваше неговиот лик. Единствено косата беше копија на еден негов препознатлив стил од минатото.

Не пропуштајте ја реакцијата на Дејвид Бекам:

43-годишниот Бекам реагираше културно, па изостана бурна реакција на непријатното изненадување.

Потоа на сцена стапи операторот на виљушкар кој намерно ја разруши статуата и му овозможи на Корден да се појави пред поранешниот фудбалер и да му открие дека се работи за смислена шега од негова и од страна на продуцентите на емисијата.

Извор: gol.mk