вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Интер го освои дербито од Милано и се искачи на лидерското место во Серија А

ВИДЕО: Интер го освои дербито од Милано и се искачи на лидерското место во Серија А

Интер го совлада Милан како гостин синоќа во натпреварот од 4. коло на италијанското првенство со 2:0 и повторно е на врвот на табелата.

Резултатот го отвори играчот од средниот ред, Хрватот Марсело Бросовиќ, вториот гол го постигна Ромелу Лукаку. Белгиецот летово се пресели во Интер од Манчестер јунајтед. Тој во моментов има три гола на четири натпревари во Серија А.

По овој триумф над градскиот ривал, Интер го задржа максималниот ефект и е прв во поредокот со 12 бода. Јувентус е втор со 10, додека Милан е со половичен ефект од две победи и два пораза и сега е на 9.место со шест бода.