Фудбал Светско клупско првенство

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Атмосферата на стадионот стана мрачна, а крајот на полувремето беше дочекан без поголеми емоции и без голови.

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

Младиот германски репрезентативец, еден од клучните играчи на минхенскиот клуб, беше сериозно повреден по судирот со Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ.

Инцидентот се случи на самиот крај од првото полувреме кога Мусиала се обиде да ја стигне топката во противничкиот шеснаесетник. Во обид да интервенира, Донарума се лизна зад грбот на Мусиала и падна со целата тежина на ногата.

Иако немаше лоша намера, контактот беше исклучително незгоден, а реакциите на теренот веднаш наговестија за сериозноста на ситуацијата. Мусиала остана да лежи во болка, а првите прегледи покажаа скршена нога.

Гледајќи ги последиците од судирот, Донарума беше длабоко потресен и плачеше на теренот, додека неговите соиграчи, како и ривалите од Баерн, останаа во шок. Судијата веднаш ја прекина играта, а медицинскиот тим брзо реагираше.

Атмосферата на стадионот стана мрачна, а крајот на полувремето беше дочекан без поголеми емоции и без голови.

To top