сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Гундоган го продолжи договорот со Сити

ВИДЕО: Гундоган го продолжи договорот со Сити

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, потпиша нов четиригодишен договор со шампионот на Англија.

Фудбалерот влегуваше во последната година од неговиот претходен договор, но сега ќе остане во „Етихад“ уште неколку сезони.

– Јас сум многу среќен. За мене е привилегија да бидам дел од овој тим. Чувството е одлично и јас сум многу благодарен што останав овде и се надевам дека ќе уживаме во уште многу убави моменти заедно, рече Гундоган.

Со текот на годините, тој не се стекна со статус на стартер во тимот, но тој сепак стана клучна фигура во составот и е важен дел од ротацијата на Пеп Гвардиола.

– Новиот договор на Илкај е одлична вест за клубот. Тој покажа дека е важен дел од тимот и одигра значајна улога во она што го постигнавме во последно време, затоа сме задоволни што тој ќе продолжи да игра со нас, рече спортскиот директор, Чики Бегиристајн.