Фудбалерите на Атлетико Мадрид не успеаја да извлечат позитивен резултат на домашниот дуел со Ливерпул, па претрпеа пораз (2-3) на „Ванда Метрополитано“. Иако Антоан Гризман се етаблираше во херој на првото полувреме, откако со два гола го врати својот тим во игра, тој со само еден потег стана трагичар.
Францускиот фудбалер во вториот дел, невнимателно тргна на една висока топка, но долниот дел од неговата копачка заврши во вратот на Фирмино. Гризман доби директен црвен картон, а Ливерпул во продолжението го искористи тоа и победи во Мадрид.
Стартот на Гризман врз Фирмино: