четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

ВИДЕО: Голчиштето на Шик не е единствено, Чесите се претплатени за спектакуларни голови на ЕП

ВИДЕО: Голчиштето на Шик не е единствено, Чесите се претплатени за спектакуларни голови на ЕП

Селекцијата на Чешка славеше на својот прв натпревар на ЕП со 2:0 против Шкотска, а апсолутен херој е Патрик Шик.

Чешкиот напаѓач ги постигна двата гола за својата репрезентација, а вториот е вистинско ремек дело, „матирајќи“ го шкотскиот голман Маршал со шут од половина терен.

Но, Чесите секогаш кога играат на Европско првенство, тие постигнуваат спектакуларни голови, а доказ за тоа се головите на Карел Поборски, Марек Хајнц, Милан Барош. Исто така чешки фудбалер е креатор на најпознатиот пенал, популарната „паненка“ која за првпат ја изведе Антонин Паненка на Европското првенство 1976 година и тоа на „Маракана“ во Белград.

Коронавирус