понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

ВИДЕО: Гол човек влета на теренот на натпреварот меѓу Гранада и Јунајтед

ВИДЕО: Гол човек влета на теренот на натпреварот меѓу Гранада и Јунајтед

Олма Гарсија е името начовек кој синоќа целосно гол влета на теренот за време на натпреварот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед.

Гарсија како од мајка роден истрча на теренот додека се играше натпреварот без присуство на публика.

За шпанските медиуми, Олма е добро познат. Според пишувањата тој често знаел да се разголи на јавни места. Неговата цел е да привлече внимание кон залувување на животната средина и свртување на луѓето кон поинаков начин на живот.

На натпреварот од четвртфиналето во Лига Европа тој трчал од еден до друг крај на теренот, се тркалал по тревата, а според извештаите на дел од медиумите во Шпанија наводно подоцна успеал да и избега и на полицијата.

Локални избори 2021