вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Фудбал

ВИДЕО: Го повампирија Фернандо Торес: Водителката целосно се загуби

ВИДЕО: Го повампирија Фернандо Торес: Водителката целосно се загуби

Репрезентацијата на Шпанија ноќеска на „Сан Сиро“ успеа да слави со 2:1 против домаќинот Италија, во раки на полуфиналето од Лигата на нации.

Двата гола за Шпанија ги постигна одличниот Феран Торес, а Италија постигна гол во самиот финиш, со кој го направија натпреварот интересен, но немаа некои посебно големи шанси со играч помалку.

Она што е познато, е дека постојано Феран Торес го мешаат со Фернандо Торес, па честопати водителите и водителките знаат да направат кикс.

Таков беше случајот ноќеска со водителката на РАИ, која во својот извештај, наместо Феран Торес, го спомна името на некогашниот голгетер Фернандо Торес.

Локални избори 2021