среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 96
home Фудбал

ВИДЕО: Го фрли телевизорот од тераса по голот на Мбапе

ВИДЕО: Го фрли телевизорот од тераса по голот на Мбапе

Вториот гол кој го постигна Килиан Мбапе донесе голем бес и разочарување кај Аргентинците, па во месноста Нуева Кордоба еден навивач на „Гаучосите“ од тераса го фрли својот телевизор.

Снимката брзо се рашири и стана хит на социјалните мрежи.

Аргентинците се протнаа до нокаут фазата, а таму налетаа на расположениот Мбапе за кого Армани, Рохо, Отаменди и останатите во одбраната немаа лек.

Талентираниот фудбалер имаше прекрасна вечер и со два погодоци и еден досуден пенал врз него беше предводникот на „Триколорите“ кон големиот триумф.

Коронавирус