петок, 7. мај 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

ВИДЕО: Ѓунеш во стабилна состојба откако му ја расцепија главата во полуфиналето на Турскиот куп

ВИДЕО: Ѓунеш во стабилна состојба откако му ја расцепија главата во полуфиналето на Турскиот куп

Грди сцени го одбележаа полуфиналето на Турскиот куп меѓу Фенербахче и Бешикташ вчера. Дерби натпреварот беше запрен во 56-тата минута од натпреварот, откако тренерот на гостите, Шенол Ѓунеш беше погоден од тврд предмет по главата.

По инцидентот, имаше мешаница на теренот, по која влезе и полицијата, па главниот судија и фудбалерите на Бешикташ се повлекоа во соблекувалните под полициска придружба.

Техничкиот директор на Бешикташ, Фикрет Осман ги осуди настаните и рече дека тренерот требало да ја помине ноќта во болница.

– По медицинските прегледи, Ѓунеш е во стабилна состојба, но мораше да ја поминеноќта во болница. Здравствено е добро, но неговиот морал е на многу ниско ниво, изјави Осман.

Тој додаде дека Фудбалскиот сојуз на земјата мора да реагира бидејќи ова е „грда слика, која ние не сакаме да ја испратиме на светот“.

– Дерби натпреварите носат одредена тензија, не е прв пат на нашиот стадион да се покажуваат црвени картон, но никогаш не отишле толку далеку. Многу е тажно дека такво нешто се случи на тренер, кој со нашата репрезентација заврши на трето место во светот. Наместо да уживаме во фудбалот, ние гледаме инциденти. Мора да се знае кој присуствува на трибините, за да не се доаѓа до вакви ситуации. Ова е тажен ден, заклучи директорот на актуелниот шампион на Турција.

Коронавирус