сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Фудбал

ВИДЕО: Фудбалерите на Монако воодушевија со гестот откако ги елиминираа аматерите во полуфиналето на Купот

ВИДЕО: Фудбалерите на Монако воодушевија со гестот откако ги елиминираа аматерите во полуфиналето на Купот

Монако влезе во финалето на францускиот Куп. Во полуфиналето со победата четвртолигашот Румили Валиерес, тимот на Нико Ковач избори финале против ПСЖ кое ќе за шест дена на Стад Д Франс.

По натпреварот фудбалерите на Монако ја воодушевија француската јавност. Направија шпалир во тунелот за противничките играчи и ги испратија со голем аплауз. Фудбалерите на Румили Валиерес направија сензација со самиот пласман во полуфиналето.

„Му честитам на противникот за овој натпревар. Играа добро, посебно во првото полувреме“- кажа Нико Ковач па додаде:

„Му дадов комплименти затоа што играте полуфинале на купот со клуб од четвртата лига е успех. Секоја им чест, одработија добра работа. Тренерот Фатсах Амгар одработи добра работа. Тоа му го кажав. Тренер е како и јас, знам како се чувствува, за што размислува и колку сака да победи. Мораме да се држиме заедно.“

Се осврна и на финалето против ПСЖ, а се присети на големата победа на својот Ајнтрахт против Баерн Минхен пред три години во финалето на Купот на Германија.

„Во предност се имаат повеќе играчи кои се навикнаа да освојуваат трофеи и да играат финалиња. Аутсајдери сме, но можеме да победи, како што успеав и со Ајнтрахт да го срушам Баерн во 2018-та година“- изјави Ковач.

ЕУРО 2020

Македонија