среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Директор на фудбалски стадион во Украина заврши во контејнер за ѓубре!

ВИДЕО: Директор на фудбалски стадион во Украина заврши во контејнер за ѓубре!

Навивачите на украинскиот клуб Десна од Чернигов упаднаа во канцеларијата на директорот на стадионот „Гагарин“, Олександар Овчаренко, го извлекоа надвор и го ставија во контејнер за ѓубре.

Украинските медиуми јавуваат дека директорот се здобил со повреди на главата додека бил фрлен во контејнерот.

Овчаренко неодамна стана директор на стадионот на кој игра екипата на Десна. Наводно, тој сакал да му забрани на клубот да игра на националниот стадион, поради што навивачите се решија на ваков потег.

Тие го снимија инцидентот, останува да се види како ќе реагираат од тамошната федерација и воедно најверојатно се преиспита одлуката на директорот.

Инаку, Десна игра во првата лига на Украина и во моментов е на четвртото место со 16 освоени бодови.

Коронавирус