сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: „Делии“ под прозор му пееја на Павков!

ВИДЕО: „Делии“ под прозор му пееја на Павков!

Еуфоријата од историската победа над Ливерпул, сè уште е присутна кај најверните фанови на српскиот шампион Црвена Звезда.

Познатите „Делии“ уште на самиот натпревар против англискиот гигант направија атмосфера која ја потврдува тезата дека се едни од најдобрите навивачки групи на Балканот, но она што го направија синоќа – е вистинска реткост.

Фановите на „црвено-белите“ и три дена по големата победа не го забораваат нивниот херој, Милан Павков и се решија со песна и пиротехничко шоу пред неговиот дом уште еднаш да го поздрават.

Инаку, Павков беше творец на двата погодока за белграѓани во победата над Ливерпул, од кои вториот беше вистински еврогол од над 25 метри.

Извор: gol.mk