петок, 29. септември 2023. Вести денес: 99
home Фудбал

ВИДЕО: Давид Бабунски со нов мајсторски гол

ВИДЕО: Давид Бабунски со нов мајсторски гол

Поранешната најголема македонска фудбалска надеж, Давид Бабунски продолжува да воодушевува во дресот на јапонскиот второлигаш Омија.

Фудбалерот кој беше дел од генерацијата која настапи на Европското првенство во Полска погоди од дваесетина метри во 22. минута од мечот за 1-1 во тие моменти, иако неговиот тим загуби од Токушима со 2-3 пред своите навивачи.

Бабунски одигра 60.минути на овој натпревар за тимот на Омија, која загуби значајни поени во битката за пласман во првата лига на Јапонија.