петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

ВИДЕО: Даер влета на трибини за да тепа навивач

ВИДЕО: Даер влета на трибини за да тепа навивач

Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер, влета на трибините за да се пресмета со навивач, откако неговиот тим испадна од Норвич по изведување на пенали во осминафиналето на ФА Купот. 26-годишниот репрезнтативец на Англија е снимен како ги надминува бариерите, а потоа се движи низ фановите во потрага по одредена личност, но до поголем инцидент не дошло, бидејќи бил запрен од стјуардите. Причината за гневот на Даер е тоа што навивачот го навредил него и неговиот помал брат.

Инцидентот врати сеќавања на познатата епизода во која се појавува легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, од јануари 1995 година, кога Французинот удри со нога навивач на Кристал Палас. Секако Даер ќе добие сериозна казна за неговото однесување, без оглед на причините за тоа.

По натпреварот, менаџерот на „петлите“ зборува за инцидентот на прес-конференцијата.

– Дајер направи нешто што е неприфатливо за професионалец, но било кој од нас би го сторил истото. Затоа што кога некој го навредува и напаѓа вашето семејство, во овој случај, помлад брат, иако однесувањето на Дајер не е професионално, сите би направиле така, рече Мурињо.

Тој немаше намера детално да коментира за инцидентот, по што се појавија гласини дека може да имало расистички навреди за Жедсон Фернандез, кој го промаши клучниот пенал за Тотенхем.

Коронавирус