петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Фудбал

ВИДЕО: Белгија одигра без мотивација, третото место во ЛН за Италија

ВИДЕО: Белгија одигра без мотивација, третото место во ЛН за Италија

Италија е освојувач на третото место на завршниот турнир во Лигата на нации. Актуелниот европски првак на домашен терен во Торино ја надигра Белгија (2-1) и славеше во „малото финале“.

Првата репрезентација на ФИФА ранг листата како да играше без мотивација. Имаше повеќе од поседот, но шансите беа на страна на италијанските фудбалери.

Мечот го отвори Николо Барела на стартот од вториот дел. 24-годишникот испрати прекрасен шут од далечина, кој го измами Тибо Куртоа и заврши во гостинската мрежа.

Следуваше распад во играта на Белгија. Италијанците нападнаа во обид да постигнат втор гол. Се играше 65. минута кога Доменико Берарди погоди од белата точка. Тимоти Кастањ беше трагичар за својата репрезентација и виновник за досудената најстрога казна.

Најголема прилика за белгијската репрезентација имаше Јаник Караско. Офанзивецот во 82. минута од мечот ја погоди стативата. Пет минути подоцна нововлезениот Шарл де Кетелаер изненадувачки го намали резултатот. Тоа донесе за нијанса понеизвесна завршница, но не и нов погодок во италијанската мрежа.

Коронавирус