вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Фудбал

ВИДЕО: Баерн победи аматерски тим со 23:0

ВИДЕО: Баерн победи аматерски тим со 23:0

Екипата на Баерн Минхен ја заврши својата предсезонска подготовка со победа од 23-0.

„Жртвата“ на германскиот хегемон беше аматерскиот тим Ротах-Егер, на кој Баварците просечно им даваа гол на секои 4 минути.

За прв пат со екипата играше францускиот репрезентативец Лука Ернандез.

Имаше голем број на играчи кои постигнаа по три гола – Роберт Левандовски, Томас Милер и Леон Горецка. Корент Толисо пак реализираше 4.

Баварците го започнуваат своето учество во Купот на Германија од понеделник. Првиот натпревар е против четвртолигашот Енерџи Котбус како гостин.