четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Фудбал

ВИДЕО: Аргентинци збеснаа и претепаа хрватски навивачи

ВИДЕО: Аргентинци збеснаа и претепаа хрватски навивачи

Аргентинските навивачи збеснаа по поразот на својата репрезентација од Хрватска (0-3), па одлучија гневот да го „истурат“ на хрватските навивачи.

Од видеото кое го пласираа руските медиуми, се гледа дека натпреварот уште трае, а двајца-тројца Хрвати биле начекани од Аргентинци и крвнички тепани и клоцани.

Верзијата во руските медиуми е дека тепачката ја прекинале од обезбедувањето на стадионот, но такво нешто не може да се види на видеото, кое очигледно добро покажува како Аргентинците го „истураат“ својот бес на хрватските навивачи и никој од обезбедувањето не реагира.

Коронавирус