четврток, 21. септември 2023. Вести денес: 130
home Фудбал

ВИДЕО: Анчелоти го повтори потегот на Мурињо

ВИДЕО: Анчелоти го повтори потегот на Мурињо

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти застана во одбрана на Жозе Мурињо, за кого истакна дека на дуелот против Јувентус реагирал на ироничен начин, поради дрскоста на навивачите на „бјанконерите“ на средбата.

Мурињо со пресврт-победа освои три бода со Манчестер Јунатед во Лигата на шампионите, а по мечот, ја стави раката зад увото и на навивачите на Јуве им гестикулираше дека не ги слуша. На прес-конференција на Наполи, по прашање на новинар, Анчелоти го повтори потегот и даде коментар.

-Го разбирам Мурињо. Не му беше лесно цели 90 минути да слуша пцовки на своја адреса. Тој направи само ироничен потег, ништо сериозно. Вистина е дека ние како тренери треба да бидеме одговорни. Но, пцовките на стадионите исто така мора да престанат. Не мислам само на Торино, туку секаде. Недолични работи се случуваат во цела Италија“, изјави Анчелоти.

Трофејниот италијански стратег го оправда потегот на Мурињо, но многу други го осудија Португалецот и истакнаа дека гестикулацијата на гостувањето кај Јувентус е чиста провокација.

 

Извор: gol.mk