среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Видал вечерва лета за Милано, се сели во Интер

Видал вечерва лета за Милано, се сели во Интер

Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, вечерва се очекува да лета за Милано, каде ќе се пресели во Интер, пренесува „РАЦ1“.

Искусниот играч постигна договор со клубот да се раздели со заедничка согласност, по што ќе потпише со „нероазурите“ како слободен агент.

Видал се согласи со Барса да земе само дел од неговите преостанати плати од договорот, кој е до летото 2021 година.

Денешниот тренинг на Каталонците започнува во 19:30 часот полокално време. Можно е Чилеанецот да се појави во базата пред него за да се збогува со неговите претходни соиграчи. (МИА)

Коронавирус