четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Фудбал

Видал со тешка провокација за Реал Мадрид

Видал со тешка провокација за Реал Мадрид

Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал го поддржува воведувањето на системот за видео асистенција на судиите (ВАР) во Лигата на шампионите. Според него, доколку ВАР се користеше последните две сезони во елитното натпреварување, тогаш трофејот би го освоил Баерн Минхен, а не Реал Мадрид.

– Го поддржувам системот. Очигледно, малку ја забавува играта, но во целост тоа е нормално поради запазување на регуларноста. Со ВАР, последните две години Лигата на шампионите ќе ја освоеше Баерн, а не Реал, истакна Видал.

Чилеанецот токму од Баерн направи трансфер во Барселона.

(Миа)

Коронавирус