вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 79
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Вест Хем го сопре забрефтаниот Ливерпул

Вест Хем го сопре забрефтаниот Ливерпул

Вест Хем конечно ги сопре импресивните серии на Ливерпул и со победа од 3:2 потврди дека ќе атакува на место што води во Лигата на шампионите.

Две големи грешки на голманот Алисон Бекер му кумуваа на првиот пораз на Ливерпул сезонава во Премиерлигата и по 11 кола нема веќе непоразени екипи во англиското првенство.

Вест хем ја прекина црната серија од 10 меча без победа против Ливерпул, а заврши и серијата на 19-кратниот англиски првак без пораз на 25 натпревари во сите конкуренции.

Трагичарот на мечот, Алисон згреши во четвртата минута и си постигна автогол, што беше проверен и со помош на ВАР системот, а судијата Пуасон пресуди дека немало фаул над голманот на Ливерпул и Вест Хем поведе со 1:0.

Александер Арнолд со гол од слободен израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел.Во продолжение, Пабло Форналс одлично ја заврши контрата која ја повлече Боуен, а истиот играч беше асистент и за голот за 3:1 кој го постигна Зума по еден корнер. До крајот, Дивок Ориги изрежира фудбалска магија на теренот и намали на 3:2 непосредно по влегувањето во игра, а 8 минути по голот на напаѓачот, колосална шанса за израмнување не реализираше Мане.

Ова се случи во судиското надополнување, а до крајот Ливерпул не создаде уште една шанса и Вест Хем славеше со 3:2.

Коронавирус