петок, 23. јули 2021. Вести денес: 87
home Фудбал

Вештачко дишење и електрошокови: Не се знае каква е состојбата на Ериксен- сите се во шок и исчекување

Вештачко дишење и електрошокови: Не се знае каква е состојбата на Ериксен- сите се во шок и исчекување

Фудбалерот на Данска Кристијан Ериксен колабира на теренот за време на првото полувреме од натпреварот меѓу Данска и Финска што се играше го Копенхген во рамки на Европското фудбалско првенство.

Ериксен беше сам во близина на страничната линија, кога во 42-та минута одеднаш падна. Неговите соиграчи формираа круг за околу нивниот соиграч. Публиката и неговите соиграчи беа во шок и солзи додека медицинскиот тим му укажуваше прва помош, а од она што можеше да се види од ТВ преносот, му беше давано вештачко дишење и беа користени и електрошокови.

Натпреварот е прекинат, а фудбалерот беше изнесен од теренот во придружба на неговите соиграчи.

Ериксен е играч на италијанскиот клуб Интер.

Коронавирус