четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Македонија ќе биде домаќин на СП во фудбал за НЕпризнаени држави!

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Македонија ќе биде домаќин на СП во фудбал за НЕпризнаени држави!

Светско фудбалско првенство во фудбал за непризнаени држави ќе се игра на лето идната година во Скопје, откако македонската престолнина беше избрана за домаќин на КОНИФА Светското првенство.

КОНИФА (CONIFA) е акроним за Конфедерација на независните фудбалски асоцијации, во која се земји кои не се признаени како членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а турнирот ќе се игра од 30 мај до 7 јуни во земјава. Жрепката е закажана за 24 до 26 јануари 2020 година во Џерси (САД).

-Скопје има прекрасни објекти, добро е позната македонската гостопримливост. Ако не сте знаеле ништо за Скопје, ќе има можност да дознаете на СП во Македонија. Очекуваме фантастичен турнир, вели Џенс Џокел, претседателот на КОНИФА.

Членови на КОНИФА се тимови кои претставуваат федерални држави, помали региони, региони и луѓе без нација кои претставуваа независни држави. Па поради тоа е и контроверзно ова натпреварување.