среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 180
home Фудбал

ВЕРОЈАТНИОТ СОСТАВ: Почнуваме со Пандев, Нестор, Џани, Елмас, Барди… во формација 3-5-2!!!

ВЕРОЈАТНИОТ СОСТАВ: Почнуваме со Пандев, Нестор, Џани, Елмас, Барди… во формација 3-5-2!!!

На околу 8-9 часови пред дуелот со Полска, СПОРТМЕДИА успеа да го дознае веројатниот стартен состав на нашата репрезентација.

Селекторот Игор Ангеловски ќе почне со формација 3-5-2, и иако има уште некои дилеми, се очекува во одбраната да биде стоперската тројка Муслиу, Велковски и Бејтулаи.

Секако дека Димитриевски ќе биде на голот. На страничните позиции во средниот ред би биле Алиоски лево и Ристовски десно. Како последен играч за врска тука е Николов, а нешто поофанзивни задачи би добиле Елмас и Барди.

Во нападот пак покрај Пандев ќе се најде и Несторовски. Секако дека се бара место за Трајковски во нападот, за Адеми и Хасани во средниот ред и за Ристевски во одбраната.

Извор: SportMedia.mk