петок, 17. септември 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

Вентура ќе го спасува Киево од испаѓање

Вентура ќе го спасува Киево од испаѓање

Поранешниот италијански селектор Џампјеро Вентура ќе биде новиот тренер на калчолигашот Киево, објавија италијанските медиуми.

Вентура, кој беше без ангажман од крајот на минатата година по дебаклот со Италија и необезбеденото учество на Мундијалот во Русија, доаѓа во Киево да го замени Лоренцо Дане.

Тој ја доби довербата на раководството на тимот од Верона, во конкуренција на Џузепе Јакини.

Пред 11 години Вентура работеше како тренер во Верона, градскиот ривал на Киево. Работеше како тренер и во други клубови во Италија, вклучувајќи ги Торино, Бари, Наполи, Каљари, Сампдорија, Удинезе,…

Киево е на последното место на табелата во Серија А со минус еден бод поради казната поради финансиски малверзации.

Коронавирус