четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 62
home Фудбал

Венгер: Жртви сме на лоши судски одлуки

Венгер: Жртви сме на лоши судски одлуки

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште еднаш се пожали на судиските одлуки, откако неговиот тим одигра нерешено 2:2 синоќа во лондонското дерби со Челзи.

– Судиите повторно донесоа одлука против нас, па сега при подготовката за натпреварите мораме да имаме во предвид дека ќе се среќаваме со вакви работи.  Не се откажавме, игравме до крајот, мислам дека покажавме добар фудбал. Вистинските навивачи сакаат вакви дуели, секој ќе разговара за нив, но лошо е што повторно видовме лоши одлуки на судиите, изјави Венгер.

Французинот се осврна и на ВАР технологијата.

– Искрено, јас не сум оптимист во врска со ова прашање. Не верувам дека толку многу работи ќе се променат, рече предводникот на Арсенал

Коронавирус