недела, 16. мај 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Венгер: Виера има голем потенцијал да ме наследи

Венгер: Виера има голем потенцијал да ме наследи

Искусниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер веројатно сè уште нема намера да се повлече од клупата на „топџиите“.

По информациите кои вчера излегоа во британските медиуми дека поранешниот игра на тимот, Патрик Виера би можел од лето да го замени на клупата на Арсенал, Французинот изјави дека тој има „потенцијал да го направи тоа“.

Виера играше под водство на искусниот специјалист и заедно три пати ја освоија Премиер лигата, а по активната кариера и стажирањето на клупата на младинскиот тим на Манчестер Сити, веќе три сезони го води Њујорк Сити од МЛС лигата.

На прашањето дали го гледа Виера како негов наследник на клупата на тимот од Лондон, легендарниот француски стратег одговори: „Тој во моментов е во Њујорк и работи во Манчестер Сити. Се работи за човек кој има потенцијал да го стори тоа еден ден, сигурен сум во тоа“.

Но, тоа не значи дека Виера автоматски ќе биде успешен на клупата на Арсенал, смета тренерот.

– Ја следев неговата тренерска кариера. Мислам дека генерално добро си ја врши својата работа, но Премиер лигата е нешто сосема поинаку. Може да се случ да добие можност, но постојат неколку поранешни играчи со истиот потенцијал и интелигенција што може да ја работат оваа работа, додаде Венгер.

Коронавирус