четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 58
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Фудбал

Венгер: Не сум ја завршил кариерата

Венгер: Не сум ја завршил кариерата

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека се уште не ја завршил својата кариера. Тој истакна дека чувствува желба да тренира клуб.

·  Се уште не сум ја завршил кариерата. Луѓето секогаш сакаат да ве стават во пензија кога сте стари. Но, додека имам апетит за живот, ќе продолжам. Една од предностите што ги имам, имајќи предвид дека сум во фудбалот од 35 години, е способноста да споделувам знаење со други луѓе. Ако не го сторите тоа – тогаш животот е бескорисен. Вие не треба да го напуштите овој свет без да се обидувате да им оставите нешто на луѓето, изјави Венгер.

Венгер го предводеше Арсенал од 1996 до 2018 година. Под негово водство, “Топчиите” три пати ја освоија англиската Премиер лига, седум пати Купот на оваа земја, седум пати Суперкупот.

Парламентарни избори 2020