четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 41
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Фудбал

Венгер го најави своето враќање

Венгер го најави своето враќање

Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер потврди дека е подготвен да се врати на работа пет месеци по напуштањето на Арсенал, во кој помина повеќе од две децении.

Венгер не сакаше да ги открие деталите, само верува декана почетокот на 2019 година, ќе започне нов ангажман.

– Верувам дека тргнувам на 1 јануари. Се уште не знам каде. Подготвен сум за нова работа. Постојат некои национални тимови кои ме бараат. Имам понуди од различни делови на светот, изјави Венгер за германската Билд.

Венгер одбележа една епоха во Арсенал. Има три титули во Премиер лигата за 22 години и седум ФА купови и Комјунити шилд трофеи. Стигна до финалето од Лигата на шампионите во 2006 година.

Парламентарни избори 2020