недела, 20. септември 2020. Вести денес: 60
home Фудбал

Венгер ги именува фаворитите во Лигата на шампионите

Венгер ги именува фаворитите во Лигата на шампионите

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер ги кажа своите фаворити во тековната Лига на шампиони.

– За мене, Манчестер сити и Пари Сен-Жермен се два фаворита во однос на нивниот потенцијал. Чувствувам дека ПСЖ е малку посилен од пред три или четири години, кога и конкуренцијата исто така беше посилна. Мислам дека има генерален пад на квалитетот на европскиот фудбал. Но, парижаните сè уште се меѓу првите две или три екипи во Европа, изјави Венгер.

Не смееме да бараме лажни причини зошто ПСЖ сè уште не ја освои ЛШ. Дури и Реал Мадрид не победи 10-15 години, а потоа трипати по ред го освојуваше европскиот трон, додаде францускиот фудбалски стручњак.

Лигата на шампионите ќе продолжи на 7 август, а во двете формирани четвртфинални двојки се среќаваат:
Аталанта – ПСЖ
Лајпциг – Атлетико Мадрид. (МИА)

Коронавирус