четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Фудбал

Венгер: Арсенал излезе од криза, сакаме да ја освоиме Лига Европа

Утре англискиот тим се соочува со ЦСКА Москва во својот прв четвртфинален меч во вториот по сила евротурнир.
Венгер: Арсенал излезе од криза, сакаме да ја освоиме Лига Европа

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека неговиот тим веќе не е во криза откако „топџиите“ ги освоија последните четири натпревари на сите турнири.

И додека тимот од Лондон може да заборави за пласман во топ 4 во Премиер лигата и учество во Лигата на Шампионите следната година преку првенството, тогаш освојувањето на Лига Европа е прилично добра опција тимот да си обезбеди место во најпрестижниот клубски турнир на Стариот континент.

Утре англискиот тим се соочува со ЦСКА Москва во својот прв четвртфинален меч во вториот по сила евротурнир.

-Бевме многу разочарани по двата тешки порази со 0:3 од Манчестер Сити и ни требаше време да се ослободиме од овој шок. Мислам дека до денес не може да се зборува за криза кај нас и тоа е евидентно од последните наши резултати, објави Венгер на редовната прес-конференција пред дуелите во ЛЕ.

Французинот смета дека тимот се наоѓа во добра форма во моментот особено по четирите последователни победи во сите натпреварувања и дека е фокусиран кон освојување на турнирот.

-Откако веќе сме премногу далеку од топ 4 во Англија, врз тимот има еден притисок да се справиме добро во Лига Европа. Ќе се обидеме да победиме во турнирот и така да играме во Лигата на шампионите следната сезона. Најважното нешто сега е да покажеме добра игра и да го освојам натпреварот против ЦСКА Москва утре, изјави тренерот на „топџиите“.

(Миа)

Коронавирус