вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

ВЕЌЕ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТОВ: Минута молк на дуелите од Премиер лигата во спомен на Сала

ВЕЌЕ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТОВ: Минута молк на дуелите од Премиер лигата во спомен на Сала

Веста дека потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, практично значи дека фудбалскиот свет бавно и мачно ја прифаќа веста за трагичниот крај на двајцата.

Од Премиер лигата објавија дека натпреварите од шампионатот следната недела ќе започнат со минута молчење.

– Премиер лигата изразува жалење за веста дека активната потрага на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината. Нашите мисли се со двајцата мажи и нивните блиски. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите пријатели ФК Кардиф во овој многу тажен момент. Во знак на почит ќе има едноминутно молчење за Емилијано и Дејвид на сите натпревари од Премиер лигата следната недела, објавија од Лигата на „Твитер“.

Од Кардиф исто објавија соопштение во кое информираат за лошите вести од потрагата и изразија сочувство до блиските на фудбалерот и пилотот.

Коронавирус