сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Фудбал

Вечното дерби во Србија ќе се игра со навивачи?

Вечното дерби во Србија ќе се игра со навивачи?

Српските власти размислуваат за комплетно олабавување на мерките на фудбалските стадиони и дозвола за натпревари со присуство на публика. Тоа би можело да се случи веќе за „вечното“ српско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда кое е закажано за 17. октомври. Претседателот на медицинската комисија на ФСС, д-р Миљко Ристиќ, најавува таква можност во наредниот период, пренесува екипа.мк

-Како што стојат работите во моментот, одлуката за враќање на навивачите на стадионите во нашата земја е на Кризниот штаб, во координација со ФСС и со УЕФА. Кризниот штаб засега не се огласува, но мислам дека е дојдено време за да се вратат навивачите на трибините. Тоа е реалност, се разбира, со почитување на сите препораки од надлежните институции. Да бидеме реални, освен на стадионите на Црвена Звезда и на Партизан, во Суперлигата ионака нема многу навивачи, па поради тоа и нема опасност од големо ширење на пандемијата. Дополнително, фудбалот е спорт кој се игра на отворен простор, вели првиот човек на медицинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Коронавирус