вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 18
home Фудбал

„ВЕЧНИОТ ГРАД“ ВО ДЕЛИРИУМ: Коментаторот полуде, претседателот на Рома влезе во фонтана, улиците на Рим полни (ВИДЕО)

„ВЕЧНИОТ ГРАД“ ВО ДЕЛИРИУМ: Коментаторот полуде, претседателот на Рома влезе во фонтана, улиците на Рим полни (ВИДЕО)

Претседателот на Рома, Џејмс Палота се избања во градската фонтана, навивачите лудуваа во италијанската престолнина, а коментатор на една од телевизиите кои ја пренесуваа оваа неверојатна фудбалска приказна сакаше да излезе од својата кожа.

Италијанците се познати како страсни љубители на фудбалот, а меѓу оние кои со посебен жар го видоа минувањето на Рома во полуфиналето на Лигата на шампионите секако беа Карло Зампа и Џејмс Палота.

Зампа, кој е коментатор на италијанската телевизиска куќа Медиасет Премиум, викаше од својата кабина на Олимпико за секој од трите гола, со кои римскиот тим ја нокаутираше Барса.

-Мајко мила, овде сите полуделе, викаше Запма откако Константинос Манолас во 82 минута ги постави конечните 3:0.

Улиците и плоштадите на главниот италијански град после големата победа ги преплавија навивачи на Рома, а во една од фонтаните дури се избања и претседателот на клубот, Џејмс Палота.