недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Васоски: Мора да останеме концентрирани

Васоски: Мора да останеме концентрирани

Вардар од шест натпревари во Првата лига оваа сезона има скор од четири победи и две нерешени средби. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васовски побара од неговите избраници да се фокусираат на претстојниот меч со Силекс.

– Задоволен сум од досегашниот тек на првенството. Четири победи и две нерешени без пораз е добар скор. Освен оној, така да кажам, „кикс“ со Беласица, на другите натпревари постигнавме посакувани резултати. Меѓутоа јас би рекол дека не треба да живееме од минатото. Треба да гледаме само напред кон иднината, и веќе се подготвуваме за следниот натпревар со Силекс каде што треба да се продолжи со исто, па дури и со посилно темпо, изјави Васоски за клупскиот сајт.

Вардар ќе биде домаќин на Силекс на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, утре од 15:30 часот во рамките од 7. коло од Првата лига.

Коронавирус