недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Фудбал

Васоски: ФК Вардар е оставен сам на себе, можно е згаснување

Васоски: ФК Вардар е оставен сам на себе, можно е згаснување

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски во емисијата „Вар во Офсајд“ отворено говори за состојбата во клубот и сериозната можност од негово згаснување.

-Ситуацијата е лоша. Морам да зборувам искрено, бидејќи дојдено е 5 до 12. Фудбалерите немаат три месеци земено плата. Сопственикот е во некои проблеми кои на приватен план го тиштат, Град Скопје покажува тотална незаинтересираност за клубот. Вардар е оставен сам на себе. Благодарение на мојот стручен штаб на нашиот ентујизам, на директорот и на претседателот кои се во овој момент тука со нас. Да не се тие, клубот ќе го доживееше најцрното сценарио, вели Васоски.

Тој посочува дека и покрај тешкотиите направиле екипа која е формирана во од и која добро се држи на табелата на ПМФЛ. Иако имало периоди кога посакувале да кренат раце, сепак одлучиле да се борат за опстојување на клубот, но Васоски нагласува дека без помош тоа не е можно.

-Вардар години наназад е една политичка играчка, која за жал таа политика може да го уништи. На фудбалска Македонија и е потребен Вардар, за да има јака Шкендија, јак Шкупи, јака Македонија ЃП. Вардар е најголем фудбалски и спортски бренд во Македонија. Не би сакал да мислам на такво сценарио, но можно е. Нема најава дека работите ќе се средат. Неколку пати бевме кај градоначалникот, вети дека ќе ги среди работите до декември, но потоа не одговараше на нашите повици, на нашите молби да помогне. Уморен сум од тие апели и молби, дециден е тренерот на ФК Вардар.

Коронавирус