сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Фудбал

Вардарци ги откажаа тестовите, откажан ќе биде и мечот со Пик Сегед

Вардарци ги откажаа тестовите, откажан ќе биде и мечот со Пик Сегед

Европската ракометна федерација и понатаму молчи во однос на натпреварот Пик Сегед – Вардар, од третото коло во Лигата на шампионите, но затоа околностите пред мечот, се погласно говорат дека тој – нема да се одржи в четврток.

Вардар требаше утре да се упати кон Сегедин, но за да смеат да патуваат сите ракометари мораа да имаат тазе, негативни ПЦР-тестови. Тестирањето било закажано за денеска, но клубот го откажал, што е јасен индикатор дека патување за Сегедн нема ни да има. Се чека официјална потврда од ЕХФ за одложувањето на натпреварот и потенцијално нов датум за него.

Причина за ова е новиот, седми ракометар на Пик Сегед заразен од коронавирусот, дијагноситциран минатата среда. Останатите шест веќе одлежуваат изолација. На врв на тоа, унгарскиот тим има уште тројца повредени ракометари, така што оттаму дефинитивно нема желба за играње в четврток, во 18.45, како што беше првичниот термин.

Ова ќе биде веќе втор одложен натпревар и за Вардар и за Пик Сегед, во новата сезона. Во првата рунда Унгарците не играа со ПСЖ, а минатата недела Вардар не го пречека Елверум, на барање на Норвежаните.

Коронавирус