петок, 3. декември 2021. Вести денес: 161
home Фудбал

Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари во Турција

Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари во Турција

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.

Противници на „црвено-црните“ во турскиот град ќе бидат Иртиш од Казахстан на 19 јануари, Сумгаит од Азербејџан три дена подоцна, Александрија од Украина на 28 јануари и Черно Море од Бугарија на 2 февруари.

Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26 и 30 јануари, и на 3 февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени, соопштено е на клупскиот сајт на ФК Вардар.

Коронавирус