понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Фудбал

Вардар ќе биде исфрлен од европските натпревари ако итно не ги подмири долговите

Вардар ќе биде исфрлен од европските натпревари ако итно не ги подмири долговите

Дисциплинската комисија на УЕФА задолжена за финансискиот фер-плеј условно го казни најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Доколку до 31 јануари 2019 година „црвено-црните“ не ги исплатат заостанатите долгови, и дополнително да ја платат наметнатата денес казна од 100.000 евра, Вардар ќе биде исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години.

Освен Вардар казнет е Левски (Софија) и Спортинг (Лисабон).