петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 27
home Фудбал

Вардар киксна во Струга

Вардар киксна во Струга

Лидерот во Првата македонска лига, Вардар денеска беше поразен на гостувањето кај Струга Трум Лум со 2-1, ова беше прв пораз на црвено-црните по серија од 12 меча без загубен меч.

Заврши серијата на Вардар без пораз која беше започната уште од второто коло, лидерот на табелата беше поразен на гостувањето кај Струга.

Вардар при резултатот од 0-0 имаше две одлични шанси, но Попзлатанов и Мицевски не успеаа да реализираат. Казната стигна преку Кировски кој со глава погоди за водство на Струга од 1-0.

Аврамовски пропушти голема шанса за изедначување, ја погоди пречката од голот на Струга, а во самиот финиш од првото полувреме казни Тафе кој погоди за 2-0.

На 12. минути пред крајот Дарко Мицевски погоди од пенал, го намали резултатот на 2-1 и го врати Вардар во игра, но лидерот не успеа да избегне пораз со уште еден гол до крајот на мечот.

Академија Пандев не го искористи во целост поразот на Вардар, одигра 1-1 на гостувањето кај Ренова. Водеа со гол на Сашко Пандев во осмата минута, изедначи Адеми на 15 минути до крајот.

Силекс со гол на Жеравица уште во третата минута го победи Шкупи со 1-0.

1-1 одиграа Борец и Македонија Ѓорче Петров, и двата гола беа постигнати во првото полувреме. Гостите водеа со гол на Божиновски, а Прелчец во судиското продолжение од првиот дел изедначи на 1-1.

Утре се комплетира колото со мечот меѓу Работнички и Шкендија.

Табела:

 

  1. Вардар 30
  2. Академија Пандев 26
  3. Силекс 21
  4. Шкендија 18 (-1)
  5. Шкупи 18
  6. Македонија ЃП 18
  7. Струга ТЛ 18
  8. Ренова 15
  9. Борец 15
  10. Работнички 11 (-1)

извор: mkd.mk