Македонскиот најтрофејен клуб Вардар загуби од Струга Трим Лум со 1:0 како гостин со што веќе нема шанси да остане во Првата македонска фудбалска лига.
Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб со голот на Марјан Алтипармаковски и сега е во позиција да игра во квалификациите за Европа Лигата. Стружани на третото место имата два бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров пред стартот на последното коло од домашниот шампионат и се во позиција да го фатат последниот билет за Европа.
Македонија Ѓ. П во највозбудливиот меч на претпоследното коло денеска загуби од Шкендија со 3:4 и остана на четвртата позиција со 52 бода, два помалку од Струга Трим Лум.
Резултати: Струга – Вардар 1:0, Македонија Ѓ.П. – Шкендија 3:4, Работнички – Силекс 3:1, Шкупи – Пелистер 0:0, Беласица – Академија Пандев 0:2, Борец – Ренова 2:0.