вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 35
home Фудбал

Вардар и ЖРК Металург шампиони во пионерска конкуренција

Вардар и ЖРК Металург шампиони во пионерска конкуренција

Ракометарите на Вардар и ракометарките на Металург ги освоија шампионските трофеи во пионерските лиги на Македонија, откако беа најдобри на завршните Ф4 турнири викендот во Скопје и Битола.

На „Фајнл Фор“ турнирот што се играше во СРЦ „Кале“ во Скопје, РК Вардар во финалето го победи РК Аеродром со 27:20.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Леонид Киселовски од РК Аеродром, најдобар голман беше Леонид Чорогулов од РК Вардар, додека признанието за најдобар стрелец му беше доделено на Емилијан Ѓорговски од КЛ-7 Струга.

На Ф4 турнирот во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, ЖРК Металург во финалето го совлада домаќинот ЖРК Пелистер со 22:13.

Ангела Јанкуловска од ЖРК Пелистер го доби признанието за најдобар играч на турнирот, Елена Поповска од Металург е избрана за најдобар голман, додека најдобар стрелец беше Јована Илиевска од ЖРК Делчево Вардар.

МИА

Коронавирус