вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Вардар и Металург ја почнуваат новата сезона во Лигата на шампионите

Вардар и Металург ја почнуваат новата сезона во Лигата на шампионите

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони денеска ги почнуваат натпреварите во новата сезона од елитното натпреварување, Вардар му гостува на Монпелје, Металург игра во Лисабон против Спортинг.

Вардар и Металург денеска ја стартуваат новата сезона во Лигата на шампионите, и двете македонски екипи почнуваат на гостински терен.

Вардар во значително изменет состав, без тренерот Раул Гоналез и неколку клучни играчи ќе се обиде да држи високо ниво против силните противници. Парондо и неговите ракометари денеска му гостуваат на актуелниот Европски шампион, Монпелје.

Францускиот тим е голем фаворит, но Вардарци ќе влезат максимално мотивирано и ќе се обидат да покажат дека се уште се тим кој може да се носи со најдобрите. Натпреварот почнува во 17:30.

Металург предводен од Данило Брестовац му гостува на Спортинг во Лисабон. Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите тимот од Автокоманда доживеа удар со заминувањето на Филип Кузмановски.

Новиот тренер ветува дека и покрај сите проблеми тие денеска нема да бидат лесен залак за португалскиот тим. Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Металург почнува во 19:30 часот.

За жал натпреварите на Вардар и Металург, барем на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите нема да се емитуваат на македонска телевизија.