сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 81
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Фудбал

ВАР доаѓа и во Скопје во квалификациите за СП 2022

ВАР доаѓа и во Скопје во квалификациите за СП 2022

ФИФА и УЕФА нема повеќе да чекаат и ВАР технологијата ќе се користи уште во есенските квалификации за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар, јавува хрватски „Спорт Клуб“.

Медиумот вели дека под итна постапка, на адреса на националните федерации, во последните неколку дена се испратени писма за воведување на новата технологија на европските терени и нема да постојат никакви исклучоци.

Во писмото стои дека поради вонредните мерки поради коронавирусот, воведувањето на ВАР било одложено за некој период. Последните анализи на УЕФА, во согласност со ФИФА, покажале итна потреба од ВАР веќе од четвртото коло од квалификациите. Оваа одлука се донесе пред се поради судискиот превид на натпреварот во Белград, кога Кристијано Роналдо даде гол за Португалија, ама не му беше признат со образложение дека топката не ја минала линијата.

Во наредните денови најавено е дека од УЕФА ќе излезат со соопштение и образложение на одлуките. Македонија домашните натпревари од квалификациите за СП 2022 ги игра во Скопје, на нашиот единствен стадион со највисоки УЕФА стандарди во моментов, Арената „Тодор Проески“.

Македонија во септември ќе игра на домашен терен со Ерменија, а откако ќе гостува кај Исланд, следи домашен дуел со Романија. Во октомври и ноември во Скопје ќе гостуваат Германија и Исланд.

Досега, ВАР технологијата на натпревари на Македонија се користеше само на баражот во Лигата на нациите против Косово.

Коронавирус