сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 30
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Фудбал

Ванда Нара донесе одлука во името на Икарди и го шокира Интер

Ванда Нара донесе одлука во името на Икарди и го шокира Интер

Аргентинецот сезона игра во ПСЖ како позајмен фудбалер од Интер, и со прикажаните игри ги натера челниците на францускиот тим да се обидат целосно да го откупат неговиот договор.

Во ПСЖ се подготвени да платат 70 милиони евра обесштетување и да му понудат на Икарди плата од 10 милиони евра по сезона, но се члини дека од тоа нема да биде ништо.

Според „Газета дело Спорт“ Ванда Нара, сопругата и менаџер на Икарди, вчера му соопштила на Леонардо, директорот на ПСЖ, дека нејзиниот сопруг не сака да остане во Париз, не се согласува на откуп на договорот и дека ќе се врати во Интер.

Оваа вест освен што го шокира Леонардо, поголем шок предизвика во Интер бидејќи и тренерот Антонио Конте и директорот Бепе Марота веќе го отпишаа Икарди иако има уште две години од договорот.

Причина за ваквата одлука на одличниот напаѓач е неговата желба да игра само во еден клуб, Јувентус, но „старата дама“ која е во лоши односи со Конте и Марота, нема намера да плати 70 милиони евра колку што бара Интер.
Највисоката понуда на Јувентус минатото лето изнесуваше 50 милиони евра, но Марота веднаш ја одби понудата.

Сега пред Интер се само две опции, едната е да го држат на клупата во наредните две години и за тоа да го плаќаат 7.5 милиони евра по сезона, а втората е да попуштат и да го продадат на Јувентус за помала сума од таа што ја бараат во моментов, 70 милиони евра.

Коронавирус