сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ванда Икарди не го пушта Икарди во богатиот Њукасл

Ванда Икарди не го пушта Икарди во богатиот Њукасл

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е желба на премиерлигашот Њукасл, меѓутоа трансферот нема да се реализира поради сопругата на центарфорот на ПСЖ.

28-годишниот Икарди не е среќен во таборот на „светците“ поради недоволната минутажа, а јасно е дека тој ќе остане и понатаму во втор план ако се земе предвид конкуренцијата во нападот на францускиот клуб.

Њукасл Јунајтед се појави како опција, ама неговата сопруга Ванда Нара не сака да си оди од Париз. Причина за тоа се бизнисите која таа ги има во градот на светлината и фактот дека настојува да остане во Париз и понатаму.

Икарди пристигна во ПСЖ во 2019 година од редовите на Интер. Договорот меѓу двете страни е до 2024 година.

Коронавирус