понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Фудбал

Ван Перси: Од Манчестер јунајтед ме избрка Ван Гал

Ван Перси: Од Манчестер јунајтед ме избрка Ван Гал

Поранешниот холандскиот репрезентативец Робин ван Перси раскажа како го напушти Манчестер јунајтед во 2015 година.

– Имав разговор со Луис ван Гал и тој ми рече дека нашите патеки се разминуваат. Ми порача да заминам и дека моете време заврши. Јас му одговорив дека сè уште имам важечки договор, на што тој рече дека не му е грижа. Сурово е. На крајот на сезоната сфатив дека нешто се подготвува, но не толку сурово. И начинот на кој тој го кажа. Многу нешта ви доаѓаат во вашата глава кога ќе слушнете такви зборови, изјави Ван Перси.

Фудбалерот потоа имал нервозна реакција.

– Реков, да видиме што се случува. Ова е твоето мислење. Но, јас имам договор, и среќен сум во Англија во Манчестер јунајтед. И станав и заминав.

По ова статусот на Ван Перси во тимот не беше ист како порано.

-Не ми беше дозволено да тренирам со тимот. Ми дадоа топката и ми рекоа дека морам да тренирам самостојно. Се обидував да останм мирен. Ова сериозно влијаеше на мене, на моето семејство и на мојата кариера. Се обидов да се смирам, но можеби во тој момент беше корисно за мене да разговарам со некој надвор од мојот круг, но јас бев премногу тврдоглав за да го сторам тоа. Сега, гледајќи наназад, имаше неколку моменти во мојата кариера во кои морав да го сторам тоа, се присети Ван Перси.

Летото 2015 година, напаѓачот го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Фенербахче.

Локални избори 2021