Играчите на Реал Мадрид на мечот со Арсенал беа доста нервозни, нетрпеливи на реваншот, а еден потег се издвои и тоа е оној на Антонио Ридигер кој (не)намерно го згазна младиот Луис Скели, потег за кој се разви дискусија во светските медиуми, социјалните мрежи.
Овој момент беше тема на разговор и во Холандија каде некогашниот репрезентативец Рафаел Ван Дер Варт во свој стил го „поздрави“ дефанзивецот на „кралевите“.
-Што се однесува до Ридигер, сите мислиме дека беше намерно кога го згазна противникот. Тој играше во Штутгарт додека јас бев во Германија. Ме удри во стомакот и веднаш доби црвен картон… Да, знаеш, тој е малку идиот.
-Додека победуваш се е игра и забава, но кога губиш се се менува… Сите го паметиме дуелот со Халанд… Го држеше, скокаше по него и постојано правеше фаули. На овој начин во два натпревари целосно го неутрализираше. И тоа кажува нешто за него – заврши во својата изјава холандскиот фудбалер.